Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 95. Од нив, 83 имаат потврдени позитивни тестови, осум пациенти се сомнителни на вирусот, а четири имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 49 пациент. На инфективното оддееление има 54 пациенти, на интерното шест и во Модуларната болница се лекуваат 35 пациенти.
Активниот број на ковид случаи е 754, а регистрирани се 138 смртни случаи како последица на коронавирусот.
Можеби ќе ве интересирa: