Бројот на ковид пациенти во велешката болница во благ пораст

infektivno veles
Infektivno Veles

Бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешката болница е во благ пораст. Од болницата информираат дека денеска таму се лекуваат 24 пациенти поради коронавирус, од кои 22 се со потврден позитивен тест,еден е сомнителен и еден пациент е со негативен брис, но задржан на болничко лекување.

Од хоспитализираните пациенти, на кислородна поддршка се седум пациенти.

Agria

На инфективното оддление се лекуваат 23 пациенти, а еден е сместен на интерното одделение.

Од болницата апелираат до граѓаните почитување на мерките за заштита од коронавирусот: носење маска, држење дистанца од два метри, честа дезинфекција на рацете и забрането групирање на повеќе од четири лица во текот на целиот ден.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: