Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес не е регистриран ниту еден случај на ковид-19, а оздравени се седум пациенти. Бројката на активни случаи во Велес изнесува
Во последните 24 часа се направени 1314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 19, Прилеп, Штип и Виница – по 2, и Струга и Кочани – по 1 заразен пациент.
Регистрирани се 192 оздравени пациенти од:
Скопје – 83, Куманово – 17, Битола – 11, Струмица – 9, Велес – 7, Штип, Струга, Кочани и Крива Паланка – по 6, Прилеп – 5, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 4, Тетово, Неготино и Крушево – по 3, Свети Николе и Виница – по 2, Кичево, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 19 починати лица: 7 од Скопје (58г, 61г, 67г, 74г, 76г, 76г и 78г), 3 лица од Тетово (46г, 72г, 74г), по 2 лица од Прилеп (61г и 67г) и Ресен (66г и 73г), по едно лице од Велес (63г), Гостивар (78г), Охрид (85г), Виница (68г) и Гевгелија (76г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 15 лица во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 757.794 тестирања на COVID-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 154.725, бројката на оздравени пациенти е 146.043, на починати е 5.230, а бројот на активни случаи изнесува 3.452.
Можеби ќе ве интересира: