По неколку дена по ред потврдувајќи повеќе од 200 заразени лица, црногорските здравствени власти најавија построги мерки од понеделник во општините со најголем процент на заразени со коронавирус, вклучително и полициски час и маски за секој постар од пет години.
Во моментов се активни 3630 случаи, што е 576 на 100 илјади жители. Епидемијата се разгоре по политички митинзи за време на парламентарните избори кон крајот на август.
Досега 155 лица починаа од ковид-19 во Црна Гора, а во последните четири дена здравствените власти на таа земја забележаа 17 жртви на коронавирус.
Можеби ќе ве интересира: