Пингпонгарите на ППК “Борец-Тим” имаа одличен настап на меѓунариодниот турнир “Негорци Опен” на кој учество земаа 36 играчи од Македонија, Србија и Турција.
Новото засилување за ППК “Борец-Тим”, Зоран Леов со маестрални игри редеше победи и стигна до полуфинале, освојувајки бронзен медал. Тој е вистинско освежување во пингпонгарскиот спорт, а сите учесници го прогласија за човек со совршена техника.
На Леов му беше доделена и прва награда за најдобар форхенд на турнирот. Инаку ППК “Борец-Тим на овој турнир настапи со шест натпреварувачи. Одличен настап имаше Вили Ангелов со пласман во осмина финалето, а многу добри игри имаа и Трајче Унчев, Зоран Џоневски, Ненад Диниќ и Богдан Митушев.