Бугарија ги отвора границите за македонските граѓани

granica mkd-bugar

По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Република Бугарија донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани, oд 20 јануари .

Zito akcija 640x289px

Поради влошената епидемиолошка ситуација, Северна Македонија продолжува да биде во т.н. црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.

Agria

Имено, со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи во сила од 20 јануари (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија им е дозволен влез во Бугарија при приложување валиден сертификат за вакцинација против Ковид-19 или сертификат за прележана болест заедно со негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа.

За влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така е задолжителен негативен ПЦР-тест.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26881/brako-vtora-godina-po-red-kompanija-partner-vo-sproveduvaneto-na-dualnoto-struchno-obrazovanie/