Челзи со отказ за Томас Тухел, веќе се шпекулира кој се неговите наследници

Tomas Tuhel Chelsea

Лондонски Челси потроши околу 270 милиони фунти на трансфери ова лето и постави клупски рекорд кога е во прашање еден преоден рок, но само седум дена по истекот на пазарот, клубот се реши за една одлука која е нелогична, но и крајно изненадувачка.

Zito akcija 640x289px

Новиот газда Тод Боли и сите директори ја планираа сезоната со Томас Тухел и му ги исполнија сите трансфер желби кои ги имаше, но сега по првиот тежок пораз во новата сезона во Лигата на шампионите, решија да бидат доста бесчувствителни и му врачија отказ.

Agria

Оваа одлука дојде без никаква најава и никакво предупредување, па поради тоа шокирани останаа и угледните англиски таблоиди и новинари, кои сега излегуваа со најнови информации добиени од блиските луѓе на клубот.

Познатите весници од Островот претпоставуваат дека дошло до непоправлив конфликт поради различни мислења и гледишта за тоа како ќе се движи развојот на тимот, но истите ги откриваат и имињата на двајцата менаџери кои се главни фаворити да го наследат Германецот.

Според инсајдерските информации од Челси, клубот веќе стапил во контакт со двајца менаџери и ќе направи интервјуа со нив, пред да донесе конечна одлука за тренерската позиција. Првиот е Грем Потер кој остварува сензационални резултати со Брајтон втора сезона по ред, а тој воедно е и поевтината опција за Тод Боли и неговите помошници.

Втор на списокот е Маурисио Покетино, поранешниот менаџер на Тотенхем кој исто така влегува со огромни шанси да го преземе кормилото на „Стемфорд Бриџ“, што нема да претставува никаков проблем со оглед на тоа што е слободен агент.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/32616/inflaczijata-prodolzhuva-da-raste-vo-makedonija-na-godishno-nivo-iznesuva-168/