Чешката Република денес објави 3 493 нови случаи на коронавирус, што е највисока дневна бројка на новозаразени од почетокот на пандемијата , според податоците објавени од Министерството за здравство.
Чешката влада објави дека ќе прогласи вонредна состојба во земјата во понеделник.
Министерот за здравство Роман Примула рече дека владата ќе прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена и ќе ги ограничи собирите на најмалку 20 лица на отворено и десет во затворен простор минимум во првите две недели. Публиката на спортски настани ќе биде забранета, средните училишта ќе бидат затворени, а студентите по медицина ќе бидат поканети да им помагаат на здравствените работници во болницата.
Можеби ќе ве интересира: