Во сенка на успесите на фудбалската репрезентација на Македонија продолжуваат натпреварите од седмото коло на Третата македонска фудбалска лига – Југ. Сите натпревари ќе се одиграат в недела со почеток од 16:00 часот.
Лидерот на табелата екипата на Превалец на домашен терен ќе ја пречека екипата на Питу Гули од Крушево. Од клубот очекуваат да го задржат максималниот учинок на стартот од сезоната. Главен судија на натпреварот ќе биде Атанас Таневски, а ќе му помагаат Давор Дишлиевски и Тони Ѓурев.
Содржината продолжува под рекламата
На останатите натпревари се среќаваат: Вардар Неготино – Росоман, Бучин – Марена, Слога 1976 – Обршани, Динамо – Младост 1930, Возарци ДМД – Ново Црнилиште, додека екипата на Големо Коњари е слободна.
Можеби ќе ве интересира: