Четири фудбалери на Фк Ренова и двајца на Фк Шкендија се позитивни на коронавирусот, соопшти Синдикатот на фудбалери на Македонија на својата фејсбук страна.
Денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани.Имињата на заразените се уредно доставени до Фк Ренова и Фк Шкендија во текот на денот.Позитивните на Ковид 19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин.
Ова се први фудбалери кои се позитивни на коронавирусот откако започна масовното тестирање.
Со новонастанатата ситуација доаѓа во прашање продолжувањето на фудбалската сезона која требаше да продолжи на 17 Јуни.