Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа не е регистриран нов случај на коронавирусот, нема ниту оздравен пациент . Само тројца велешани се во статистиката на активни случаи.
Во последните 24 часа се направени 1.337 тестирања, а регистриран е 4 нов случај на КОВИД-19 од: Скопје – 3 и Прилеп – 1.
Регистрирани се 14 оздравени пациенти, пријавено е едно починато лице: од Скопје (66г), во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426.
Можеби ќе ве интересира: