Четири нови случаи на ковид-19 во Велес, оздравени нема

Veles Noemvri 2021

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, Направени се 3.929 тестирања, а регистрирани се 280 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 137, Прилеп – 24, Охрид – 18, Битола и Штип – по 15, Кавадарци – 13, Гевгелија – 10, Ресен – 9, Куманово и Струмица – по 8, Велес – 4, Валандово и Богданци – по 3, Кичево и Демир Хисар – по 2, Тетово, Гостивар, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Zito akcija 640x289px

Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од: Скопје – 70,Кавадарци – 23, Битола – 17, Прилеп – 13, Штип и Гевгелија – по 6, Кочани, Крива Паланка и Крушево – по 3, Неготино и Свети Николе – по 2, Ресен, Богданци, Кичево, Гостивар, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5починати лица: по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица (75г), Куманово (79г), Охрид (71г) и Крушево (45г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Содржината продолжува под рекламата

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 17.11-22.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Тетово (2) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62г до 69г. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 3лица се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.211,бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904, а бројот на активни случаи изнесува 4.832.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26249/sostojbata-so-koronavirusot-stabilna-ne-se-predlozheni-novi-merki-za-novogodishnite-i-bozhiknite-prazniczi/