Четворица нови пациенти се хоспитализирани поради компликации од ковид-19 денеска на инфективното одделение во велешката болница. Од нив, еден е донесен со возилно на Итната медицинска помош, а еден пациент е префрлен од интерно.
Од велешката болница информираат дека во моментов пради коронавирус, таму се хоспитализирани 44 пациенти, од кои 34 имаат позитивни тестови, еден пациент е сомнителен на вирусот, а деветмина се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 18 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното оддееление се сместени 21 пациент, воп модуларната болница има 23 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат тројца пациенти. ОД болницата информираат дека тројца пациенти се пуштени дома, откако добиле негативни тестови.
Содржината продолжува под рекламата
Во моментов во Велес има 3019 активни случаи на ковид-19. Од почетокот на пандемијата 6691 велешанец се заразија со вирусот, од кои 6160 оздравеа, а 222 починаа.
Можеби ќе ве интересира: