Четворица велешани уапсени во полициски час

Policiski cas 01.04.2020

Четворица влешани се уапесени бидејќи во изминатото деноноќие не го почитувале полицискиот час, соопшти велешката полиција.

Zito akcija 640x289px

„Во текот на изминатото деноноќие, на 21 и 22 април 2020 година, на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес забраната за движење не ја почитувале четири лица, и тоа, сите во Велес. Тие се приведени и лишени од слобода“, велат од СВР Велес.

Agria

Во исто време, на oсум жители на Велес им се издадени решенија за изолација, а три лица потпишале изјави за самоизолација, од кои едно во Велес и две во Неготино. Вкупно, со решение во изолација има 65 лица, од кои 46 во Велес, 12 во Кавадарци и седум во Неготино, а со изјава за самоизолација има вкупно 101 граѓанин, од кои 59 во Велес, 29 во Кавадарци и 13 во Неготино.

Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација и не регистрирале лица кои не ги почитувале овие мерки, велат од СВР Велес.