Четворица влешани се уапесени бидејќи во изминатото деноноќие не го почитувале полицискиот час, соопшти велешката полиција.
„Во текот на изминатото деноноќие, на 21 и 22 април 2020 година, на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес забраната за движење не ја почитувале четири лица, и тоа, сите во Велес. Тие се приведени и лишени од слобода“, велат од СВР Велес.
Во исто време, на oсум жители на Велес им се издадени решенија за изолација, а три лица потпишале изјави за самоизолација, од кои едно во Велес и две во Неготино. Вкупно, со решение во изолација има 65 лица, од кои 46 во Велес, 12 во Кавадарци и седум во Неготино, а со изјава за самоизолација има вкупно 101 граѓанин, од кои 59 во Велес, 29 во Кавадарци и 13 во Неготино.
Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација и не регистрирале лица кои не ги почитувале овие мерки, велат од СВР Велес.