Само 35 стотинки го делеа Александар Златаров од подиумот во категоријата групен рафтинг на меѓународен кајарски натпревар во Кина, кој се оддржа на реката Нуџианг во градот Лушуи. Тој го освои четвртото место заедно со Маринко Анже од Словенија и хрватите Јосип Слошњак и Зое Грзин Алба.
Првото место им припадна на Жао Женгчао, Ши Ксиаксу, Ли Чуан и Чен Ши од Кина. Во категоријата кајак крос Александар Златаров натпреварите ги заврши во четвртфиналето. Претходно како второпласиран ја помина осминафиналната група.
За Александар Златаров останува уште настап на најатрактивната трка “Тигров скок”.