Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Куманово, односно целосна забрана за движење за време на целиот викенд, почнувајќи од вечерва 21.00 часот ( петок) па се до 05.00 часот наутро во понеделник. Во работните денови од понеделник до петок, забраната за движење важи од 16.00 часот до 05.00 наутро.
Сите оние оние кои се занимаваат со земјоделски активности, дозволено е движење само во рамки на атарот на кумановските села, исклучиво само за работни обврски поврзани со земјоделие.
Владата оваа одлука ја донесе денес, откако беше соопштено дека нови заразени со коронавирусот се 11 доктори од болницата во Куманово, а бројката на ново заразени во текот на 24 часа, во општина Куманово изнесува 23 лица.