Цената на дизелот и екстра лесно масло се зголемува за половина денар

benziska stanica Makpetrov

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 % во однос на одлуката од 15.8.2024 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Новите цени од ноќеска на полноќ ќе бидат: Mоторен бензин Моторен бензин Дизел гориво ЕУРОСУПЕР БС – 95 ЕУРОСУПЕР БС – 98 ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) Мазут М-1 НС 79,50 (денари/литар) 81,50 (денари/литар) 71,50 (денари/литар) 71,00 (денари/литар) 46,295 (денари/килограм).

Можеби ќе ве интересира: