Светскиот пазар претрпува големи промени, а европските земји се загрижени поради отежнатото снабдување со житни култури и вртоглавиот раст на нивните вредности. Цените на пченицата, пченката и јачменот растат од ден на ден, а сѐ повеќе земји носат рестрикции кога станува збор за извозот на жито и храна. Причина за тоа е стравот од недостиг поради војната во Украина.
За само десет дена пченицата поскапе за 100 евра на европскиот пазар на фјучерси. Цените на моменти беа над 400 евра, а во многу региони размената целосно престана.
Содржината продолжува под рекламата
Поради тоа се поголем број европски земји го ограничуваат извозот на житарки. Унгарија го забрани извозот, освен за хуманитарната помош. Бугарија ги надополнува своите резерви.
Можеби ќе ве интересира: