Цените на недвижностите значително ќе пораснат во следните 10 години

Велес од дрон
Велес од дрон

Во следните 10 години цените на недвижностите значително ќе пораснат во сите делови на светот, објавено е денеска на веб-страницата на Институтот за економски истражувања IFO од Минхен.

Zito akcija 640x289px

Според резултатите од кварталното истражување на IFO и Институтот за швајцарска економска политика (IWP), цените на недвижностите ќе се зголемат во просек за девет отсто на глобално ниво во следната деценија.

Agria

„Порастот на цените на недвижностите е поттикнат повеќе од факторите на побарувачка отколку од понудата“, вели истражувачот на IFO, Тимо Вонер.

Забележлива е нерамнотежа во прогнозата за Европа.

Цените на недвижностите во Западна Европа ќе се зголемат во просек за 6,4 отсто, а во Северна Европа за 9,9 отсто, додека во Јужна Европа се очекува раст на цените на недвижностите за дури 18,4 отсто во следните 10 години, а во Источна Европа за 14,9 проценти.

Цените на недвижностите во Велика Британија ќе се зголемат за 8,4 отсто, како и во Германија – за 7,2 отсто, Франција – 5,5 отсто и во САД – 6,0 отсто.

Конкретно, цените на недвижностите ќе пораснат во Јужна Азија – за 25,1 отсто, во Западна Азија – за 22,4 отсто, а во Централна Америка – за 24,4 отсто.

Во многу региони во светот, зголемената побарувачка за недвижен имот расте поради повисокиот животен стандард и повисоките приходи, како и порастот на населението и желбата за повеќе простор за живеење.

За 37 отсто од анкетираните експерти овие фактори стојат зад зголемувањето на цените на недвижностите на глобално ниво.

„Околу 27 отсто од анкетираните експерти сметаат дека факторите на понудата се одговорни за зголемувањето на цените – ограничениот производствен капацитет за изградба на нови станбени области, повисоките цени на градежните материјали и недостатокот на парцели“, рече Вонер.

Околу 12 отсто од експертите сметаат дека за поскапувањето на недвижностите најмногу се виновни монетарната политика, инфлацијата и владините политики во одредени земји.

На регионално ниво, очекувањата на експертите за цените на недвижностите се во голема корелација со нивните прогнози за инфлација, според веб-страницата на Институтот во Минхен.

Во ова истражување, кое беше спроведено од 14 јуни до 2 јули, учествуваа 1.405 економски експерти од 133 земји.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: