Центрите за социјална работа ќе добијат обезбедување по случајот со пукањето во Прилеп

За еден месец, сите центри за социјални работи и нивните канцеларии низ државата ќе добијат 60 лица за физичко обезбедување, соопшти Министерството за социјална политика.

Јавната набавка е завршена, а постапката е забрзана по вооружениот инцидент на 24 март во Центарот во Прилеп, кога корисник на помош влезе во канцеларијата и застрела социјална работничка.

Agria

Заменик-министерот Ѓоко Велковски изјави дека се очекува брзо потпишување договор со избраната фирма, со што ќе се зголеми безбедноста на вработените.

Директорот на прилепскиот Центар, Зоран Малкоски, вели дека со обезбедувањето ќе се зголеми чувството на сигурност и ќе се овозможи подобра контрола при приемот на странки.

Истражната постапка за вооружениот напад е сѐ уште во тек, а осомничениот се наоѓа во притвор.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: