Црна Гора бира шеф на државата: граѓаните избираат меѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ

pretsedatelski izbori vo crna gora
pretsedatelski izbori vo crna gora

Во Црна Гора утринава во 7 часот се отворија сите 1.162 гласачки места во вториот круг од претседателските избори, а вечерва, по 20 часот, ќе слави само еден од двајцата кандидати – актуелниот шеф на државата и кандидат на ДПС, Мило Ѓукановиќ или кандидатот на Движењето „Европа сега “ (ПЕС), Јаков Милатовиќ.

Zito akcija 640x289px

Двајцата кандидати освоија најмногу гласови во првиот круг на гласање – актуелниот шеф на државата, Мило Ѓукановиќ освои 35,37 отсато од гласовите, додека младиот политичар од движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, гласањето пред 14 дена го заврши со поддршка од 28,92 отсто од гласовите.

Agria

Право на глас на претседателските избори имаат 542.154 граѓани. Овие претседателски избори се четврти од обновувањето на независноста и осми од воведувањето на повеќепартискиот систем.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: