Институтот за јавно здравје на Црна Гора предложи воведување дополнителни мерки за да се спречи ширење на новиот коронавирус поради исклучително распространетиот локален пренос, големиот број хоспитализирани и огромниот притисок врз здравствениот систем. Мерките влегуваат во сила од денеска.
„Усвоените мерки ќе обезбедат да го спречиме интензивното ширење на епидемијата во првата половина на октомври и да ги зачуваме здравјето и животот на населението“, наведува од ИЈЗ и апелираат граѓаните да ги почитуваат доследно мерките.
Од денеска до 12 октомври, поради зголемувањето на случаите на коронавирус во Никшиќ, Беране и Андријевица, ќе има полициски час од 22 до 5 часот наутро, а работата на угостителските објекти и домашните посети ќе бидат забранети.
Во Рожај е забранета работа на угостителските објекти и одење на гости.
Во Котор, Будва, Подгорица и Плевља, од 28 септември до 12 октомври, угостителските објекти ќе имаат право да работат само до 22 часот.
Можеби ќе ве интересиа: