Владата на Црна Гора ќе прогласи Ден на жалост во недела поради трагичните настани во Србија, најави премиерот Дритан Абазовиќ.
Содржината продолжува под рекламата
„Можно е да има два дена жалост. Денеска ќе ги известам моите колеги дека тоа ќе го направиме. На овој начин упатувам сочувство до семејствата на загинатите и повредените во овој неверојатно трагичен настан кој се случи двапати за краток период во Србија“, рече тој.
Содржината продолжува под рекламата
Во Србија за два дена се случија две масовни убиства, едното во ОУ „Владислав Рибникар“, а другото во Младеновац, при што вкупно се убиени 17 лица, а 25 се повредени.
Можеби ќе ве интересира: