Црвениот крст од Велес со хуманитарна помош во повеќе градови

Црвениот крст утрово испрати тимови за одговор при катастрофи за логистичка поддршка и прва помош на граѓаните и тимовите кои гасат пожар на територија на општина Пехчево, како и хуманитарна помош во повеќе региони.

Zito akcija 640x289px

Тимот на Црвениот крст на составен од 6 лица за логистика и проценка заедно со тимот за одговор при катастрофи на ООЦК Велес составен од 4 лица, во вечерните часови доставија 1400 шишиња од 0,5 литри до ООЦК Берово за поддршка на институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот на територија на општините Пехчево и Делчево.

Agria

Тимот направи и теренска посета и проценка на состојбата во околина на селото Умлена со цел понатамошна координација на активностите на тимовите на Црвениот крст. Во текот на утрешниот ден тимовите на ООЦК Штип, Кочани, Делчево и тим на ЦКРСМ ќе бидат во логистичка поддршка на институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22783/raste-brojot-na-aktivni-sluchai-vo-makedonija/