ЦУК: 1.891 повици на 112 во последното деноноќие, и еден повик за фателен пожар во населени места, при што имало и починато лице

Cuk - ЦУК
Cuk - ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.891 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,41%, а 58,59% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 55,03%, кон Итната медицинска помош 30,47%, кон пожарникарите 0,89%, а кон АМСМ 1,18% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Zito akcija 640x289px

Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 12,43% со другите 57,54% што се именувани како „неитни повици“, биле 1.150 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.

Agria

Според вкупните податоци во ЦУК, наспроти снегот и студеното време имало повеќе пожари и еден фатaлен пожар во населени места, при што имало и починато лице.
Регионалниот ЦУК Куманово, информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Ранковце, од околу 04:20 часот интервенирале поради опожарена куќа во с.Отошница, во Општина Ранковце. Според известувањето од ТППЕ во пожарот има и починато лице. За да може побезбедно да се интервенира, околу 04:45 часот било побарано и ЕВН да ја исклучи струјата во тој реон. За настанот, покрај Итната медицинска помош, се известени и МВР СВР Куманово.

Пожарникарите од ТППЕ Куманово, од 04:25 до 05:45 часот, со 7 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале заради опожарена на куќа на ул. „716“ бр.9 во населбата „Баново Трло“.

Пожарникарите од БППЗ на град Скопје имале една интервенција поради запален оџак. ТППЕ Охрид, во текот на денот имала 4 (четири) интервенции поради запалени оџаци. ТППЕ Кичево имала една интервенција поради запален оџак. ТППЕ Прилеп, од 20:12 до 21:35 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле опожарен дел од мотор на автобус на патниот правец с.Беловодица – Прилеп. Имале и една помала интервенција поради запален оџак.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: