ЦУК: Eкипи во потрага по планинар паднат во провалија во подножјето на Титов Врв на Шар Планина

Cuk - ЦУК
Cuk - ЦУК

Во тек е спасувачка акција во координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК), поточно преку Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово, за извлекување на двајца планинари од кои едниот паднал од карпа во провалија и не се знае во каква состојба е во подножјето на Титов Врв на Шар Планина.

Zito akcija 640x289px

Како последно известување РЦУК Тетово информира дека од страна на командирот на ТППЕ Тетово, кој се наоѓа на местото на настанот, е добиена информација дека е пронајден едниот планинар, којшто е контактибилен и има лесни повреди на главата, а се врши претрага за пронаоѓање и на другото лице, кое според изјавата на пронајдениот планинар, паднало од карпа и е повредено.

Agria

Според информациите, којашто последователно ги добивавме при координацијата на спасувачката акција е дека од МВР итно имаат упатено специјализиран тим со две теренски возила и дронови за ноќно извидување и претрага. Поточно, Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово извести дека од страна на нашиот вработен кој се наоѓа на Попова Шапка е добиена информација дека две возила ,,хамер” со седум припадници од специјалната единица на МВР, заедно со Началникот на СВР Тетово се тргнати од Попова Шапка и се движат кон Титов Врв. Исто така и ТППЕ Тетово со теренско возило и 5 добро обучени нејзини припадници се упатени на местото на настанот. Сега тие и дејствуваат на место на претрагата кај Титов Врв.

Конкретно, настанот пријавен на 112 хронолошки се развива како спасувачка акција кога едниот од двата планинара прво пријавува дека на Титов Врв, во реон 500м подолу, со неговиот другар оделе кон викендица и се изгубиле. На другарот му се слошило и бил во лоша здраствена состојба, па побарал помош итно да се реагира. Преку 112 во ЦУК е направен конференциски повик со Полицијата во Тетово (МВР – ЦИК Тетово). Потоа, јавувачот на 112 повторно се јавил и известил дека неговиот пријател паднал од карпа во провалија и не знае каде е и во каква состојба е, а исто така информирал дека и тој е малку повреден. Бил уплашен и збунет и не можел да информира за каква повреда станува збор“ наведуваат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека спасувачите од ангажираните институции вложуваат максимални напори за да го пронајдат планинарот кој паднал од карпа, заради ниските температури или евентуалните посериозни повреди на лицето за коишто немаме информација во која мера е повредено.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: