Екипата на Борец 1919 АД, полека го составува тимот за второлигашката сезона. Денес клубот го промовираше второто засилување во името на Матеј Цветановски.
Содржината продолжува под рекламата
Цветановски играч од средниот ред, и доаѓа од редовите на струмичка Беласица. Фудбалските почетоци ги има во ФК Кул, а беше и дел од составот на Вардар.
Содржината продолжува под рекламата
Претходно од клубот го промовираа првото засилување, голманот Петар Јакимов, поранешен голман на репрезентацијата на Македонија до 19 години.
Можеби ќе ве интересира: