Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Крводарителска акција и во време на пандемија

Crven krst krvodaritelska akcija
crven-krst-krvodaritelska-akcija

Поради вонредната состојба во Државата има ниско ниво на залихи со крвни единици. Затоа Црвениот крст во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина се одлучи во Велес да се одржи ВТОРА ВОНРЕДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА.

Zito akcija 640x289px

Акцијата ќе се одржи на 21.05.2020 година во просториите на ЛИКОВНИОТ САЛОН, со почеток од 09:00 до 14:00 часот

Ги повикуваме сите крводарители кои сакаат да учествуваат на истата да дојдат и да дадат голем придонес за здравјето на населението.

Со цел да се придржуваме на мерките за безбедност на јавното здравје сите кои сакаат да донираат најдобро е да се јават на тел.бр. 076/368-066 за да добијат термин кога да дојдат на крводарување со што би се избегнало чекање и контакти со останати граѓани.

На крводарителската акција ќе се применуваат сите стандарди и процедури за безбедност согласно состојбата во која се наоѓаме.

Акцијата се одржува со помош на Општина Велес и Народниот музеј.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: