ДА ИМ ОВОЗМОЖИМЕ НА ДЕЦАТА ДА СПОРТУВААТ „Кожувчанка“ ја продолжи соработката со спортската федерација

Компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци и Федерацијата на училишен спорт на Македонија ја продолжија веќе успешната соработка. Генералната директорка на „Кожувчанка“ Јанинка Чупаркоска и претседателот на ФУСМ проф д-р. Александар Туфекчиевски во просториите на компанијата потпишаа договор за соработка за реализација на идните проекти на Федерацијата.

Имајќи иста цел, најмасовната спортска организација во Македонија и секогаш општествено одговорната компанија „Кожувчанка“, се согласија дека преку спортот инвестираат во младите и дека тоа е најдобриот начин за развој на децата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Поради тоа, ваквите договори се од огромно значење за нашите најсакани и нивната иднина! Децата сакаат да спортуваат, да им го овозможиме тоа, порачаа од „Кожувчанка“.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25059/finansika-policzija-czelta-ne-e-pratenikot-tuku-negoviot-tatko/