Бројот на заразени од коронавирусот во светот надмина еден милион случаи и 50.000 мртви. Според податоците на „Worldometers“ утрово, во светот има 1.015.877 случаи, 53.221 смртни случаи и 212.993 излечени.
Откако минатата недела Италија го зазеде првото место од Кина и во случаите на заразени и во смртните случаи, пред неколку дена, Америка дојде на прво место, со околу 245 000 Американци, за кои се проценува дека се заразени од коронавирусот.
Најлошо е во Њу јорк. Гувернерот на сојузната државата Њујорк Ендру Куомо, на прес-конференција рече дека 92.381 биле заразени со коронавирус во неговата држава, што претставува околу десет проценти од вкупно заразените во светот. Само вчера, 8669 се ново заразени, а 432 починати.
Италија и Шпанија се единствените две земји во светот, со Америка, со над 100.000 случаи.
Шпанија ја надмина Италија по број на заразени лица утрово, има 117.710, а за еден ден починале 932. Вкупните смртни случаи во Шпанија достигнаа 10.935. Повеќе од 30.000 се излечиле. Во Италија, бројот на заболени е 115.224, бројот на починати е 13.915, а излечени се 18.278.
Жртви на коронавирус се претежно постари лица, но голем број на неодамнешни случаи покажуваат дека болеста може да влијае и на деца со навидум силен имунолошки систем.
Таквите случаи се смртта на 13-годишни деца во Франција и Велика Британија, како и на 12-годишници во Белгија.