Данела Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов-Ќосето

Споменикот на Андон Лазов-Ќосето синоќа е поставен на кружниот тек кај хотелот „Континентал“ во Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска на Фејсбук објави дека „со поставувањето на спомен-обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија“.

„Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание. Неговата улога во револуционерното движење е од непроценливо значење за денешната слобода и независност на нашата држава“, наведува Арсовска во објавата.

Agria

За враќањето на споменикот на Ќосето, утрово со кусо соопштение информира и Град Скопје. Во соопштението се пренесува ФБ објавата на Арсовска, без детали каде и кога точно е поставен споменикот.

Споменикот на Андон Лазов-Ќосето претходно беше поставен кај Судската палата во 2014 година кога скопски градоначалник беше Коце Трајановски. Следниот градоначалниок Петре Шилегов го отстрани во 2018 година, со образложение дека бил дивоградба.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: