Даница Чадиева нова претседателка на СДСМ Велес

Даница Чадиева е новата претседателка на Општинската организација на СДСМ Велес. Таа доаѓа на местото на досегашниот прв човек на велешките социјалдемократи Стево Крстевски.

Zito akcija 640x289px

„Другарката Даница е истакнат правник, поранешен адвокат, непоколеблив борец за човекови права, сопруга и мајка. СДСМ докажува уште еднаш дека е партија во која се дава шанса на храбрите и решителни жени, кои се крајно професионални и посветени во заложбите за подобра иднина за сите. Воедно, се заблагодаруваме на досегашниот претседател Стево Крстевски за успешното раководење и постигнатите резултати и му пожелуваме многу успех во кариерата. Другарот Стево останува нераскинлив дел од најдемократското семејство на СДСМ Велес кое ќе ја донесе сигурната победа на следните локални избори“, велат од СДСМ Велес.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

По професија, Чадиева е правник, а во моментов ја извршува функцијата претседателка на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Претходно, таа работеше како адвокат.

Текстот продолжува под рекламите

Чадиева зад себе има повеќегодишна политичка активност, а во СДСМ доаѓа од редовите на ЛДП, каде што во еден период беше генерален секретар на Форумот на жени. Чадиева е четвртиот претседател на ОО на СДСМ Велес во последните четири години, по Панче Иванов, Дејан Арсовски и Стево Крстевски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: