Даниел Стојановски со победа тргна во Борец

Новиот шеф на стручниот штаб  на Борец 1919, Даниел Стојановски, стартуваше со победа на клупата на велешани. Во рамки на 5 коло од Втората македонска фудбалска лига, Борец 1919 во Велес го совлада Вардаски со 3:1.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Велешани уште од самиот старт ја презедоа иницијативата, па по неколку нереализирани шанси на Филиповски и Чичевски, Флорент Османи во 28 минута го отвори резултатот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во вториот дел иста приказна на теренот, па така со два погодока за две минути, најпрво на Павле Петров, а потоа и на Јосиф Манасиев, Борец дојде до предност од 3:0. До крајот на натпреварот Вардаски само го ублажи поразот со голот на Славе Танов од 11 метри во 87 минута.

Фудбалерите на Борец по оваа победа се искачија на 12 место 3 освоени бода. Веќе во среда ги чека ново искушение на гостувањето во Македонска Каменица кај екипата на Каменица Саса, која е на 13 место со 2 освоени бода.

Можеби ќе ве интересира: