За само една недела, Дејан Јакимовски по втор пат едноподруго ќе биде главен судија на напревар на Борец . Тој ја делеше арбитражата на натпреварот против Шкупи, а ФФМ денес го делегираше и за напреварот против Скопје кој ќе се одигра во рамките на осмото коло од Првата фудбалска лига на Македонија.
Помошници ќе му бидат Дејан Неделковски од Скопје, и Мартин Петковски од Куманово. Четврт судија ќе Ндерим Тефим од Куманово. На останатите натпревари делители на правдата ќе бидат:
Содржината продолжува под рекламата
Струга Трим Љум – Шкендија (Александар Грујоски Кичево)
Работнички – Пелистер (Фуркан Идризи – Тетово)
Академија Пандев – Шкупи (Александар Ставрев – Скопје)
Ренова – Брегалница (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)
Тиквеш – Македонија Ѓорче Петров (Маријан Ецковски – Охрид).
Сите натпревари ќе со одиграат во недела 26 септември со почеток од 15 часот.
Можеби ќе ве интересира: