Дел од пекарите престанаа да печат леб

LEB VO MARKET

Дел од пекарите од утрово не произведуваат леб. Тие почнаа да ја спроведуваат одлуката на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија првиот ден откако Владата ја донесе одлуката за замрзнување на цената на лебот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Вчера Владата ja замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари до крајот на мај годинава, а ја укинува и субвенционираната струја за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Претставниците на пекарската индустрија пред два дена најавија дека ќе го прекинат производството на лебот ако Владата донесе одлука за замрзнување на цената на лебот на 33 денари, но рекоа дека ќе причекаат одлуката да излезе во Службен весник, па потоа ќе ги преземат најавените мерки.

Сепак, некои пекари не можат да чекаат, па веќе од утрово почнаа да ја спроведуваат одлуката на групацијата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36501/video-32-patniczi-zaginaa-vo-sudir-na-dva-voza-kaj-larisa-sosedna-grczija/