Денес во „Борис Трајковски“ започнува вакцинацијата на пратениците

vakcinacija Boris Trajkovski

Министесртвото за здравство информира дека како дел од клучната инфраструктира за имунизација се и народните избраници. Неодамна беа вакцинирани собраниските служби а денес во три групи од 10 до 18 часот вакцини ќе им се ставаат на пратениците.

Zito akcija 640x289px

„Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи односно од 10 до 18 часот. На 14 ти месецов беа вакцинирани собраниските служби. Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење на закони во интерес на граѓаните. Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура“, соопштуваат од Министерството за здравство.

Agria

Во А1 СЦ Борис Трајковски во тек е вакцинација на возрасни лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови низ државата се вакцинираат лица постари од 73 години. Веќе следната недела со доаѓањето на нови дози вакцини ќе има измена на приоретизација и преминување на приоритетните или субприоритетните групи од една во друга фаза на вакцинација. МЗ апелира до граѓаните кои сакаат да се вакцинираат да се пријават на vakcinacija.mk

Досега, 4.595 луѓе починале од коронавирус во  Македонија, дијагностицирани се 149.221, а активни се 18.392.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20216/zapochnuva-etapnata-ispalata-za-penzionerite/