Денеска двојно помалку заразени од вчера, намален бројот и во Велес

Infektivna klinika Skopje naslovna

Двајца велешани се помеѓу новите позитивни случаи на коронавирус, откриени во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Тие се дел од 177 новооткриените заразени во целата земја, откако во последното деноноќие се направени 778 тестирања. Процентот на позитивните тестови во однос на направените и денеска е висок и изнесува нешто над 22% или речиси секој четврти тест бил позитивен.

Zito akcija 640x289px

И денеска најмногу случаи се регистрирани во Скопје – 96, по што следува Тетово со 19 и Кочани со 10 нови случаи на ковид-19. Во останатите градови бројот на новоинфицирани е едноцифрен и тоа во Струмица има осум, во Штип седум, во Гостивар и Берово по шест, во Куманово и Виница по пет, во Делчево четири, во Штип три, во Велес, Радовиш и Крива Паланка по два и во Прилеп, Битола, Кавадарци и Неготино по еден случај.

Agria

Во последното деноноќие починаа пет пациенти, 67-годишен тетовчанец, пациент од Струмица на 87-годишна возраст, пациент од Крива Паланка на 68-годишна возраст и двајца пациенти од Кочани на 70 и 73-годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти, меѓу кои нема велешани. Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21113, бројката на оздравени пациенти е 16301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4015. Денес се евидентира еден контролен тест.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/13909/vo-bih-185-novozaboleni-i-osum-pochinati-od-kovid-19/