Денеска на скопскиот аеродром пристигнува првата пратка на руската вакцина

politikata zad vakcinata protiv kovid19

На аеродромот во Скопје денеска треба да пристигне правата пратка од вакцини против Ковид-19 „Спутник В“, што Владата ги купи од Русија.

Zito akcija 640x289px

Вакцините на скопскиот аеродром треба да ги пречекаат министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин.

Agria

Како што информираа здравствените власти, вакцините кои се наменети за три илјади граѓани, се во соодветно пакување, ладен ланец, со запазување на температурите.

„Ова е вакцина која што за разлика од Фајзеровата се чува на температура од – 18 до -20 степени, за што нашата инфраструктура е спремна. По преземањето ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на вакцинацијата во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје“, изјави министерот Филипче.

Филипче дека очекува од среда да почне вакцинацијата, додавајќи дека се завршени сите административни процедури за вакцината да биде ставена во употреба.

Министерот рече дека се очекуваат 200.000 дози кинески вакцини од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште нема потврда кога. Од „спутник В“, се очекуваат 200.000 дози или со оние од „Астразенека“ вкупно 2 200.000 вакцини треба да стигнат во земјава.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19041/poraz-za-odbojkarite-na-borecz/