Денеска почнува судењето за Палевски и останатите обвинети за двојното убиство

Mesto kade e pronajdeno teloto na Pance Zeze 3

Во Кривичниот суд денеска започнува судењето за грозоморните убиства на 14-годишната Вања и велешанецот Жежовски, кои ја шокираа македонската и јавноста од регионот.

Zito akcija 640x289px

Први на обвинителната клупа седнуваат таткото на Вања ,Александар Ѓорѓески со тројцата обвинети, соучесници на Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов кои се обвинети за вмешаност во киднапирањата и убиствата.

Agria

Токму тие го идентификуваа Палевски како главен организатор на злосторството, кои ја однеле и полицијата до телата на жртвите.

За свирепото двојно убиство јавноста дозна на 3 декември. Тогашниот министер за внатрешни , Спасовски и обвинителот Бубевски ги обелоденија првите детали.

Од Скопје, преку Белград и Бугарија до Турција, Палевски беше уапсен од турските власти на почетокот на декември во турскиот град Баликесир. Тој по пет месеци беше екстрадиран во Македонија.

Според веќе покренатото обвинение, целта на обвинетите била да присилат член на потесното семејство на Вања, да даде парични средства за откуп. Таткото на Вања,е е обвинет дека помогнал во грабнувањето.

Од Кривичниот суд информираа дека Палевски утре нема да биде донесен во судот.

Кривичен суд

„Утре започнува судењето за двојното убиство кое ќе биде отворено за јавноста, на истото се очекува постапката за Палевски и останатите четворица обвинети да се спои“, додаваат од судот.

Обвинтелниот акт даде и детали од грозморното убиство.

Вања Ѓорчевска била грабната од влезот на зградата каде што живеела.

Грабнувачите ѝ ги врзале рацете и нозете, ја покриле со вреќа за спиење и ја ставиле во гепекот на возилото „цитроен“.

Била однесена во атарот на скопското село Бразда, каде е убиена, а потоа е запалено возилото.

Поранешниот градежен бизнисмен и основач на партијата Десна има низа кривични пријави изминативе 20 години. Против Палевски во 2019 е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање.

Додека целата јавност трагаше по исчезнатото девојче, осомничениот Палевски, секојдневно објавуваше главно политички статуси што дополнително ја згрози целата јавност .

Почеток на овој тежок процес е од голем јавен интерес. Се работи за инвловирана јавна политичка и бизнис личност во двојно свирепо убиство.

Можеби ќе ве интересира: