
Во основниот кривичен суд во главниот град Скопје, денес треба да биде изречена пресуда за предметот Таргет-Тврдина.
Обвинителката Ленче Ристоска, во завршните зборови за главниот предмет за незаконското прислушување кое се вршело од 2008 до 2015 година изјави дека Обвинителството успеало да докаже дека обвинетите ги извршиле делата за кои се товарат и покрај сите пречки со кои се соочуваше во истрагата за случајот Таргет-Тврдина.
Покрај поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков во овој предмет обвинети се и поранешниот началник на петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, , поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од управата.
Во 2019 Мијалков беше осуден на тригодишна затворска казна са случајот „Титаник 2“ за местењето на изборни резултати, но Апелациониот суд ја укина пресудата на Основниот суд поради „незаконита и неправилна постапка.
Можеби ќе ве интересира: