Денеска пристигна досега најголемата пратка на вакцини на скопскиот аеродром

Денеска на скопскиот аеродром со два авиони денеска на пристигнаа 500-те илјади вакцини што Владата ги набави од кинескиот производител „Синовак“. Ова е досега најголема пратка вакцини што пристигнала во земјава, а вакцините ќе бидат распоредени во градовите низ државата.

Zito akcija 640x289px

Според државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски, која заедно со кинескиот амбасадор ги пречекаа вакцините, со оваа пратка ќе се вакцинираат значителен број на граѓани со што ќе се забрза процесот на постигнување на колективен имунитет.

Agria

„Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето на голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалувањето на бројот на новозазарени со Ковид-19 и на хоспитализирани граѓани за што говори фактот дека сите ковид центри низ државата се празни, а малиот број на хоспитализирани пациенти е на Инфективната клиника“, истакна државната секретарка за здравство.

Кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо порача дека вакцините се најмоќното оружје за надминување на епидемијата и посочи дека вакцината „Синовак“ е одобрена од Светската здравствена организација. Во Кина, како што рече, се употребени над 1,1 милијарди дози и се вакцинираат луѓе на возраст од 3 до 100 години

Министерот Филипче за благодари на Народна Република Кина.

„Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите“, додаде Филипче.

Според податоците на МЗ, Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

Вкупно досега се аплицирани 510.351 дози вакцини, а ревакцинирани се 214.571 граѓани.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21824/trojcza-paczienti-se-hospitalizirani-vo-veleshkiot-kovid-czentar/