Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер кој ќе дува претежно од северен правец. Попладне и во текот на ноќта кон четврток, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни.
Утринската температура ќе се движи во интервал од два до 14 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Велес, според синоптичарите, се очекува слично време, променливо облачно со слаб ветер од северен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на новиот влажен бран се очекува на повеќе места во земјава да наврнат над 30 литри на квадратен метар воден талог, а локално и над 50 литри на квадратен метар. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во текот на утрешниот ден на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.