Денеска се одбележува 14 Ноември – Светскиот ден на борбата против дијабетесот

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија одбележувањето на 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот го посветува на медицинските сестри, со барања за унапредување на можностите за професионален развој и едукација, со најновите и најсовремени достигнувања за менаџирање со дијабетес, а пред се превенција уште во предидијабетна состојба.

Zito akcija 640x289px

Одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот има за цел да се подигне свеста на граѓаните за превенција од дијабетес и свесноста за потреба од редовен квалитетен менаџмент на дијабетесот кој постојано ќе се надоградува.

Agria

Во рамки на кампањата ќе биде промовиран и видео спот со порака до медицинските сестри и барање за унапредување на условите за нивната работа, а на секоја медицинска (дијабетолошка) сестра ќе биде доделана благодарница од СЗДМ, за особен придонес во борбата со дијабетесот.

Во над 15 општини и Градот Скопје ќе бидат осветлени значајни објекти во сина боја со цел подигнување на свеста за дијабетес под мото „Јас дијабетичарот и мојата прва поддршка медицинската сестра“.

Од Сојузот на здруженија на дијабетичари, порачуваат дека ги почитуваат мерките од Комисијата за заразни болести, во насока на заштита од корона вирусот и не поддржува никаков облик на каков било настан кој придонесува на каков било начин за зголемување на ризик од ширење на вирусот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: