Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи централна свеченост за одбележување на третата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата.
На свеченоста ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Дел од свеченоста ќе бидат неколку показни вежби и активности на Армијата, вклучувајќи прелет на сојузнички воздухоплови во рамки на мисијата „Air Policing”.
Можеби ќе ве интересира: