На денешен ден пред деветнаесет години на е потпишан Рамковниот договор со кој заврши неколкумесечниот конфликт во Македонија во 2001 година.
Разговорите почнаа во Скопје, а продолжија во Охрид, каде што завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје, Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери.
Потписи на договорот ставија и Франсоа Леотар и САД Џејмс Пердју, специјални претставници на ЕУ.
Беа донесени повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел – 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта.
За успешна имплементација на договорот, беше формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, како дел од Владата.
Можеби ќе ве интересира: