Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала, локална облачност. Ќе дува слаб, до умерен ветер од северозападен превец. Во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност.
Максималната температура ќе достигне до 40 степени, а вредноста на УВ зрачењето ќе биде 9.
Утре не очекува сончево време, со мала до умерена облачност. На места ќе има зголемена облачност и развој на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен долж повардарието.
Температурата ќе се движи од 25 до 38 степени.
Временска прогноза за недела, понеделник и вторник:
Можеби ќе ве интересира: