Денеска во земјава започна вакцинацијата против Ковид-19 со руската вакцина „Спутник В“.
Со “Спутник В” денеска се вакцинирани 60-тина здравствени работници од Прилеп и Скопје, кои работат со заболени од Ковид-19, а вакцината се чува на -20 степени, во Поликлиниката „Јане Сандански“.
Во ист ден но на друга локација во поликлиниката Букурешт стартуваше и ревакцинацијата со Фајзер. Станува збор за лекари и медицински персонал од најзафатените ковид центри, скопската Инфективна клиника и од градската болница 8-ми септември кои со месеци се борат за пациентите.
Вакцинацијата против ковид-19 во Македонија почна на 17 февруари со вакцината на „Фајзер“ добиена од Србија. Досега се вакцинирани над 3. 700 здравствени работници.
Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека Македонија досега има платено 2.350.000 вакцини – 800.000 нарачани од „Фајзер“, 800.000 по „Ковакс механизмот“, 200.000 од „Синофарм“, 200.000 „спутник“ и дополнително од ЕУ околу 250.000 вакцини.
Можеби ќе ве интересира: