Денеска започнува судски процес во кој Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски

Boki13

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано првото рочиште во кој поранешната специјална обвинителка Катица Јанева го тужи Боки 13 за нелегално снимање. Тужбата е поради фотографијата на која се гледа Јанева со пари, а која наводно ја снимил Јовановски.

Оваа тужба доаѓа откако за време на презентирањето на материјалните докази во предметот „Рекет“, во судница беше прикажана фотографија на која се гледа екс-јавната обвинителка Катица Јанева во нејзниот дом, а пред неа сноп со пари, за кои обвинителството тогаш тврдеше дека се во апоени од по 500 евра.

Agria

Инаку во во предметот „Рекет“, Јанева е првостепено осудена на седум годишна затворска казна, а Бојан Јовановски на девет години казна затвор.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: