Во недела на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес ќе се одигра големото дерби од Третата фудбалска лига – Југ, каде ќе се сретнат екипите на Борец 1919 и Превалец. Натпреварот, кој привлекува големо внимание во градот, е првото локално дерби оваа сезона, но и дерби на врвот на табелата.
Борец 1919 влегува во мечот како првопласиран тим и со импресивна серија од седум последователни победи во првенството. Од друга страна, Превалец сè уште не го има почувствувано вкусот на поразот и ќе настојува да ја задржи таа статистика.
Се очекува возбудлив и борбен натпревар, исполнет со спортски жар и поддршка од трибините. Дербито ќе се одигра во недела, на 9 ноември, со почеток во 13 часот на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес.


















